До Претседателот на Советот за Безбедност на ООН/ Копија: До Генералниот секретар на ООН. 26 јули 1993 година

Починуван Претседател, 

Драгатичната ситуација која настанала во мојата земја како резултат на продолжение и ескалирање на ерменската агресија насочена на територијалната поделба на суверената азербејџанска држава, ме принуди да Ви се обратам со оваа писмена порака. 

Како приврзаник на принципите и нормите на меѓународното право, и тргнувајќи од идеите на меѓународната безбедност и соработка, потпирајќи се на правата и обврсрските на членовите на ОБСЕ, Азербејџан дал согласност на медијатерсатво на таа комисија во мирното решавање на крвавиот конфликт, кој ни бил наметнат од страна на Република Ерменија, Во тек на долгиот и тешкиот процес на решавање на конфликтот Владата на Азербејџан, стремејќи се кон мирното решавање на конфликтот и покажувајќи максимум  флексибилност и конструктивност, засилено барала начини за прекин на крвопролевањата и пронаоѓање излез на цврста основа за преговарање. Меѓутоа, грубото прекршување од страна на Ерменија на нејзините обврски пред  светската јавност и Азербејџан, ги уништува нашите мирни напори. 

Од денот на донесувањето на одлуката од страна на Советот на министри на ОБСЕ во рамките на конференција која се одржа во Минск, помина повеќе од една година, меѓутоа денес оваа идеја е далеку од реалност како никогаш досега. Ако пред една година зборувавме за ослободување на Шушин и Лачин како единствен возможен начин на доведување на ситуацијата во согласност со таа која имала свое место на денот на донесување на одлуката од страна на Советот на министри, и со самото тоа излез на минската конференција, на денешен ден од страна на ерменскиот агресор заземени се повеќе од 17 проценти на азербејцанската територија. Окупирани целиот дел на Нагорен Карабах, Лазинскиј реон (јужен дел во мај 1992 година, а северниот – во април 1993 година), Кељбаџарски реон, селата на Нахчиванска автономна република, Газахски, Физулински, Зангилански, Агдамски реони на Азербејџан. Вкупно заземени се 503 населени места, вкупниот број на бегалци изнесува 567 илјади души.

Почнувајќи од политичката агресија, која добила свој израз преку донесување на вероломни решенија за присоединување на Нагорниот Карабах кон своите територии, и преминувајќи потоа кон испраќање на  своите емисари и терористи и испорака на оружје, денеска Ерменија спроведува широкомаштабни воени дејствија на азербејџанската земја, игнорирајќи ги обракањата и одлуките на ОБСЕ и ООН, вклучувајќи ја и резолуцијата бр. 822 на Советот за Безбедност, која еднозначно побарала повлекување на окупациските сили од Азербејџан. Залагањата на ОБСЕ насочени кон реализација на резолуцијата, биле блокирани со целосното одбивање од страна на ерменската армија да ги исполни барањата на законскиот посредник, и повеќе од тоа, со декларирање на неприфатливи услови. Како резултат на тие дејствија на Република Ерменија, последната посета на регионот од страна на Марио Рафаели, исто така како и неговите претходни посети, не ни дале никаква основа за надеж за брза реализација на резолуцијата на СБ на ООН и долгоочекуваното прекинување на крвопролевањата. 

Било кои повикувања на Република Ерменија за непотчинување на ерменските вооружени формирања кои делуваат во Нагорен Карабах сé потполно неосновани. Сите испораки на воена техника, муниција и жива сила, а исто така непосредно раководство на воените маневри се остварува од страна на Република Ерменија преку анектираниот Лачински реон. 

Искористувајќи ја настанатата пауза, Ерменија,  по заминувањето на мисијата на Рафаели, започна нов масовен напад, во рамките на кој нејзините вооружени сили го заземаа градот Агдан. Овој вероломен акт нанел разорен удар врз мирниот процес кој уште не успеал да се застане на нозе. Порано Владата на Азербејџан го предупредувала Советот за Безбедност дека секое одолговлекување на процесот повлекува опасна ситуација, која се заканува со катастрофа. 

Денешната ситуација настојчиво бара посредништво од страна на Советот за Безбедност врз основа на полномоштва кои му се дадени со Уставот на ООН. 

Потребно е да се превземат итните мерки насочени врз скротување на агресорот, прекинување на крвопролевањата и ослободување на заземените азербејџански територии. 

Во врска со гореизложеното, Ве молам итно да се свика Советот за Безбедност. 

Гејдар АЛИЕВ,

Вршител на полномоштва на Претседател на

Азербејџанската Република

Претседател на Врховен Совет на

Азербејџанската Република 

Преведено од руски јазик според весникот „Бакинскиј рабочиј“, од 29 јули 1993 година