Обраќање на Претседателот на Азербејџанската Република Гејдар Алиев кон азербејџанскиот народ по повод 31 март – Денот на геноцид на Азербејџанците – 31 март 1999 година

Почитувани сонародници!

Денес Азербејџан осма година живее во услови на својата независност. Еден од главните успеси кои сме ги постигнале во периодот на независноста е тоа што добивме можност за создавање на објективна слика на периодот и настаните на нашата историја кои долги години се криеле, се фалсификувале и се искривувале. Еден од тие настани е Денот на азербејџанскиот геноцид кој денес го одбележуваме, кој веќе ја добил својата политичка и правна оценка во нашата држава.

Одбележувајќи го секоја година 31 март како Ден на геноцидот на Азербејџанците, ние уште еднаш се враќаме во наше историско минато. Со болка во срцето се присеќаваме на широкомаштабните крвави акции кои отворено се спроведувале против нашиот народ.

Во XIX-XX век нашиот народ претрпел ред страшни трагедии. Од раката на Ерменците, жестоки и подмолни извршители на империјалната политика која ја спроведувале поголеми држави, спрема Азербејџанците повеќекратно се вршело етничко чистење и геноцид, нашиот народ бил осуден на тешки маки, национални трагедии и страдања. Стотици илјади мирни Азердејџанци биле уништени поради нивната национална припадност, протерани од родните огништа, старите градови и села на Азербејџанците били претворени во урнатини.

Политиката на геноцид која ја спроведувале ерменските националисти во почетокот на векот, користејќи ја империјалната политика на царска Русија, а во 40-те -50-те години – советскиот режим, уште повеќе се засилила во почетокот на 80-те години под покритие на „перестројката“ и му донела на азербејџанскиот народ нови и нови трагедии. За жал тие крвави акции не добили во свое време принципиелна оценка ниту од страна на меѓународната заедница, ниту од страна на раководството на Азербејџанската република, што на таков начин им ги одврзало раците на националистичко-сепаратистичките сили. Конкретно, како резултат на тоа во рамките на првата етапа на наметнатиот во 1988 година т.н нагорно-карабахски конфликт, стотици илјади Азербејџанци поради нивната национална припадност биле погубени и протерани од своите историски земји, во јануари 1990 година извршени ѕверски злосторства против народот кој во Баку и во други места во Азербејџан го дигнал својот глас против таа неправедност, во 1992 година се случил крвав хоџалински гедоцид.

Како резултат на авантуристичките дејствија на ерменските агресори и идеолози на Големата Ерменија за етничкото чистење, повеќе од милион сонародници беа протерани од своите родни огништа и осудени на нечовечки страдања. Само во ХХ век повеќе од два милиона Азербејџанци биле изложени на одвратната политика на геноцид која ја спроведувале нашите непријатели во оваа или онаа форма. Меѓутоа, без оглед на тие трагедии, тешкотии, неправедност, нашиот народ продолжил да живее, го сочувал стремежот кон независност и ја покажал цврстата волја.

Денес ние уште еднаш се навраќаме кон нашата историја. Се гордееме со успеси, се натажуваме од губитоците. Денес создадени се сите основи Азербејџан да живее како независна држава, да може за својата работа да му раскаже на целиот свет, да се потруди да ги отсрани непрадевностите кои се случиле во минатото.

Една од главните наши задачи – да се формира кај денешното и идното поколение цврста меморија за геноцидот против нашиот народ во последните столетија, да добие политичка и правна оценка на тие трагедии во целиот свет, да се потруди да ги отстрани нивните тешки последици и да направи сé, за да не се повтори тоа во иднината. Со таа цел потребно е да се покаже цврсто и нерушливо национално единство. Било која евентуална измена и агресија против нашиот народ може да се пресече благодарејќи исклучиво на залагањата и волјата насочени кон непомирливата борба во име на независност на Азербејџанската држава која е наша највисока цел.

Ве повикувам кон единство, кон непримирливата борба во име на заштита на националните интереси и права на нашиот народ.

Преведено од руски јазик според весникот „Бакинскиј рабочиј“, од 31 март 1999 година