Хоџалинската трагедија – злосторство против човештвото

Политиката на геноцид и агресија која се спроведувала против азербејџанскиот народ од страна на ерменските националисти, има историја која трае повеќе од две стотини години. Таа политика имала за цел протерување на Азербејџанци од нивните историски територии и создавање на «Голема Ерменија», измислена од страна на ерменските историчари и идеолози. За остварување на својата презирлива и опасна политика тие ги користиле најразличните методи и средства, фалсификувањето на историските податоци, политичките провокации, на државното ниво се поддуржувал воинствениот национализам, сепаратизам и агресија против соседните народи. Со таа цел во Ерменија и одредени странски држави биле создадени «национално-културни», религиозни, политички и дури територијални организации, биле мобилизирани можности на ерменската диаспора и лоби.

Со поделбата на азербејџанските земји на два дела, како резултат на војните помеѓу Русија и Иран во првата четвртина на XIX век, бил даден старт на процесот на намерното масовно преселување на Ерменците од Иран и Турција на територијата на Карабах, што суштински ја променило демографската ситуација во Карабах. Во 1905 година ерменските националисти во однос на Азербејџанците на нивната сопствена територија учиниле масакар, биле разурнати стотици населени места. Во 1918 година со поддршка на Бакинската комуна чие политичкото и военото раководство состоело претежно од Ерменци, бил остварен одвратен план чија цел беше да се исчисти Бакинската губернија од Азербејџанците. Како резултат биле уништени десетици илјади мирни жители, разурнати населени места, споменици на култура, џамии и школи. Ерменците масакрирале мирно азербејџанско население во Ѓанџа, Шамаха, Губа, Љанќаран, Карабах, Муган и во други делови на Азербејџан.

Политиката на геноцид и депортација во однос на Азејбејџанците се продолжи со рафинирани и предавнички методи во периодот на советската власт, која го прогласи слоганот за еднаквост на нации и народи. Во тој период во однос на Азербејџан биле донесени голем број погрешни и неправедни одлуки. Во 20-те години на минатиот век Зензегур кој се наоѓал на азербејџанската територија без било какви основанија `и бил предаден на Ерменија, на таков начин, античката територија на Азербејџан, Нахчиван, била отсечена од останатиот дел на нашата Татковина. Во Нагорен Карабах била сосдадена ерменската автономија.

Како резултат на донесено од страна на раководството на СССР волунтаристичкото решение, во 1948-1953 год. Ерменците успеале да депортираат стотици илјади Азербејџанци од нивтите историски територии и фактички да создадаат моноетничката република на територија на Ерменија.

Започнат во 1988 година неоснован нагорно-карабахскиот конфликт, беснеечка на азербејџанската територија ерменската реакција и тешките маки на невиното азербејџанско население кое станало жртва на таа реакција, за жал со рамнодушен молк биле причекани од страна на раководството на поранешен СССР и цивилизиран свет. Корисрејќи ја оваа ситуација, инспирирани Ерменци продолжиле последователна политика на геноцид против азербејџанското население и вршиле невидени историски злосторства. Со вооружени сили на Ерменија биле окупирани 20 проценти од територијата на Азербејџан, вклучувајќи ги и 7 реони околу Нагорен Карабах: Кељбаџар, Лачин, Агдам, Физули, Џебраил, Губадли и Зингилан. Повеќе од еден милион Азербејџанци варварски биле прогонети од своите историски територии, десетици илјади луѓе биле убиени, станали инвалиди, биле заробени. Како жртви на невиден ерменски вандализам стотици живеалишта биле израмнети со земја, илјадници културни, образовни и здравствени установи, споменици на култура и историја, џамии, свети места, гробишта.

Трагедии учинети од страна на вооружени ерменски бандити во првите години од конфликтот врз селата во Нагорен Карабах: Ќаркиџахан, Мешали, Гушчулар, Гарадагли, Агдабан и други села, каде што живееле Азербејџанци, и накрај, геноцидот во Хоџали, се злосторства и засекогаш ќе останат како црна дамка на совеста на «обесправените и напатените Ерменци».

Хоџалинската трагедија е едно од монструозните злосторства на ХХ век, кое било извршено против азербејџанскиот народ од страна на Ерменците, автори на шовинистичката политика за создавање на «Голема Ерменија» и моноетничката држава. На крајот на ХХ век ерменските окупатори како резултат на својата неказнивост и отсутство на осознавање, осуда и спречување на нивните злосторства од страна на светската јавност и меѓународните организации, ја продолжиле започнатата во 1905 година окупација на азербејџанските територии, вршејќи монструозни злосторства и ѕверства против човештвото.

Ноќе на 26 февруари 1992 година, која беше запишана во историјата на Азербејџан со крвави букви, ерменските вооружени сили со помош на техника и војска од 366-ти моторизиран полк кој се располагал во градот Ханкенди уште од периодот на СССР, поголем дел од личниот состав од кој се состоел од Ерменци, го израмниле со земјата древниот град Хоџали.

Како прво, Хоџали бил разурнат како последицана интензивен оган од топови и друга воена техника. Територијата на градот ја зафатиле пожари. После од неколку правци започнала инвација на градот од страна на пешачки сили кои учиниле жесток масакар врз преживеаното население.

Тој ден за краток временски период ерменските вооружени трупи жестоко и ѕверски измачувале и уништиле 613 мирни жители, а на 421 жител им нанели тешки повреди.

 Мирните жители кои успеале да се пробијат преку опсадата со посебна жестокост од заседа биле убиени во околните шуми од страна на припадниците на ерменската војска. Подивените џелати вадели скалпели, на своите жртви им отсекувале различните делови од телото, на бебињата им ги ваделе очите, на бремените жени им ги расекувале стомаците, живи ги закопувале луѓето во земја или ги палеле, а дел од мртвите тела биле минирани.

Во тој период 1275 луѓе исчезнале или биле запленети, градот со 10 илјади жители бил уништен, постројките биле разурнати и запалени. Судбината на 150 луѓе, од кои 68 жени и 26 деца не се знае и денес. Како последици на трагедијата повеќе од илјада луѓе од мирното население останале инвалиди, здобивајќи се со прострелни рани од различен степен на тежина. Помеѓу убиените имало 106 жени, 83 малолетни деца, 70 стари лица. 487 луѓе останале осакатени, од нив 76 се адолесценти.

Како последица на овој воено-политички конфликт 6 семејства биле целосно уништени, 25 деца останале без двата родители, 130 деца загубеле еден од родителите. Од бројот на жртвите 56 луѓе биле живи запалени.

Според зборовите на Претседателот на Азербејџанската Република Иљхам Алиев кажани во обраќањето кон азербејџанскиот народ по повод годишнината од Хоџалинскиот конфликт, «без било која воена потреба стотици мирни жители биле убиени со посебна жестокост на која `и нема слична во историјата, а врз нивните тела се вршело сквернавање. Биле уништени деца, жени, старци, цели семејства. На крајот од ХХ век се случило едно од тајтешките злосторства не само против азербејџанскиот народ, ама и против целото човештво. Според својата тежина, варварство и жестокост Хоџалинската трагедија зазема посебно место во редот на злосторствата извршени против човештвото».

Тешко е да се замисли дека споменаните варварства, на кои им нема слични во историјата, биле извршени од страна на луѓе, на крајот од ХХ век и пред очите на целиот свет!

Покрај манифестирање на политиката на терор против државната независност и територијалната целосност на Азербејџан, овој чин на масовно и немилосрдно масакрирање е жестоко злосторство не само против Азербејџанците, туку и против целокупното човештво. Вршејќи овој геноцид во Хоџали, ерменските националисти имале за цел да го заплашаат азербејџанскиот народ кој не сакал да му ги даде своите територии на окупаторот, да ја скршаат неговата воља за борба и накрај да го уништаат.

Со операцијата за нападот врз градот Хоџали раководеле командирот на 2-от баталјон на 366-от полк - Сејран Огањан, командирот на 3-от баталјон – Евгениј Набоких, шеф на штабот на 1-от баталјон – Валериј Читчјан. Во операцијата учествувале повеќе од 90 тенка, борбени машини и друга воена техника. Во гетоцидот против мирното население активно учествувале војници припадници на полкот: Славик Арутјуњан, Андреј Ишхањан, Сергеј Бегларјан, Мовсес Акопјан, Григориј Кисебеќан, Вачик Мирзојан, Вачаган Ајријан, Александар Ајрапетјан и други, членови на ерменските вооружени формации: Каро Петросјан, Сејран Тумасјан, Валерик Григорјан и други. Се откри дека помеѓу вршителите на жесток масакар врз мирното население во Хоџали биле началник на одделот за внатрешни работи на градот Ханкенди – Армо Абрамјан, началник на одеделот за внатрешни работи на Аскеранскиот реон – Маврик Гукасјан, неговиот заменик – Шаган Барсегјан, претседател на ерменскиот народен фронт во Нагорен Карабах – Виталиј Баласањан, началник на градскиот затвор во Ханкенди – Сержик Кочарјан и други.

С.Огањан, кој во периодот на извршување на геноцидот во Хоџали бил во знание мајор, денес носи генералски епалети и е министер за одбрана на Република Ерменија. Ред други учесници на ова злосторство исто така вршаат различни функции во марионетскиот режим создаден во Ерменија и во нејзините државни органи.

Во Резолуција бр. 96 на Генералното Собрание на Обединетите нации од 11 декември 1946 година се посочува дека геноцидот со своето непризнавање на правото на живот на одредени групи луѓе, го повредува човековото достоинството, го лишува човештвото од материјалните и духовните вредности создадени од страна на луѓето. Овие активности целосно им се спротивоставуваат на целите и задачите на ООН. Во Конвенцијата «За превенција на злосторствата на геноцид и за неговото казнување» донесена со резолуцијата бр. 260 на Генералното Собрание на ООН на 9 декември 1948 година и која стапила во сила во 1961 година, била поставена правна основа во однос на злосторствата на геноцидот. Државите кои `и се приклучиле на Конвенцијата, земале обврска да превземаат мерки по спречување на геноцидот и казнување на неговите виновници, потврдувајќи на таков начин дека геноцид е злосторство кое ги нарушува нормите на меѓународното право без оглед на времето на неговото извршување, воено или мирно. Карактерот и големината на монструозното злосторство изврршено во Хоџали укажува дека имале место сите показатели на геноцид кои биле наброени во споменатата конвенција. Испланиран чин на масовен и немилосрден масакар бил извршен со цел на целосно уничножување на локалното население само поради една причина, бидејќи тие биле Азербејџанци.

Факти кои укажуваат на игнорирање од страната на Армијата на меѓународните норми на право кои ги регулираат нормите на однесување за време на војна, не се исцрпени до крај. Според барањата на меѓународното хуманитарно право војната треба да се води само помеѓу вооружените сили на страните-учесничките во воениот конфликт. Цивилното население не треба да учествува во борбите и кон него мора да се однесува со почит. Според членот 3 на IV Женевската конвенција «За заштита на цивилните лица за време на војна», посегнување на живот и безбедност на цивилното население, вклучувајќи ги убиствата извршени на најразлични начини, нанесување повреди, жестоко однесување со населението, мачења и измачувања, посегнување по човековото достоинство, навреди и понижувачки дејствија во однос на населението, се забрануваат. Во членот 33 од Конвенцијата се наведува дека ниту едно цивилно лице не смее да биде казнувано за прекршок кој тоа не го сторило.

Децидно се забранува примена на колективни казнувачки мерки против цивилното население, теротистички дејствија и репресии. Според членот 34 од Конвенцијата исто така се забранува земање на цивилите во заложници. Меѓутоа, Ерменците отворено покажале непочитување кон овие принципи, земајќи во заложници само во Хоџали повеќе од илјада души. Игнорирајќи ги овие правни норми, ерменските вооружени формации прибегнале кон брутални методи на уничтожување на мирното население во Хоџали. Горенаведеното потпаѓа под услови за извршување на злосторствата на геноцид предвидени со Конвенцијата «За превенција на злосторствата на геноцид и за неговото казнување» од 9 декември 1948 година.

Лица, кои ги извршиле тие незамисливи ѕверства против мирното азербејџанско население за време на окупација на Хоџали и на таков начин грубо ги прекршиле барањата на Женевската конвенција, чл. 2, 3, 5, 9 и 17 од «Универзалната декларација за човековите права», барањата на Конвенцијата «За заштита на децата и жените во исклучителни околности и за време на воени конфликти», Конвенцијата «За превенција на злосторствата на геноцид и за неговото казнување», до денес не се казнети. А неказнивоста продолжува да создава основ за изврушање на новите злосторства.

Ерменија не се срами од извршените ѕверства, спротивно, таа бескрупулозно го оправдува геноцидот извршен врз Азербејџанците, а негови непосредни извршители се сметаат за национални херои. Во Ерменија отворено се спроведува антиазербејџанската политика, во рамките на државата се создаваат идеолошки предиспозиции за окупирање на новите азербејџански територии. Фалсификувана ерменска историја се подига на ниво на државната политика со цел да се создаде основа за воспитување на ерменската младина во духот на шовинизам.

Колку и да изгледа чудно, ама парламентарците од одреден број земји, затворајќи ги очите на реалниот геноцид за кој се смета Хоџалинската трагедија, ја претвориле во предмет за дискусија легендата за «геноцидот врз Ерменците», занемарувајќи ја историската вистина, дури и донеле во врска со тоа и неправедни одлуки. Токму тоа е една од причините за безрезултатните до денешно време, по вина на ерменската страна, обиди за решавање на ерменско-азербејџанскиот, нагорно-карабахскиот конфликт.

Од година во година преувеличувајќи ги настаните од 1915 година, кога наводно се случил геноцид врз Ерменците и пропагандирајќи го тоа, ерменските историчари и политичари се обидуваат да погребаат во сознанието на светската јавност масовното истребување на Азербејџанците, кое во реалноста се случува од почетокот на минатиот век, и на таков начин да ја збунаат.

Азербејџанските територии до денешен ден сеуште се наоѓаат под окупација. За да им угодат на своите ненаситни цели ерменските џелати немилосрдно истребувале невини луѓе. Долг на секој Азербејџанец е да се избори за признавање на Хоџалинската трагедија од страна на меѓународната јавност за чин на геноцид и злосторство против човештвото. Такво злосторство не смее да се повтори.

Според зборовите на Сéнационалниот лидер на азербејџанскиот народ, Гејдар Алиев, кажани по повод овој настан, «Хоџалинската трагедија е една од најголемите човековите трагедии во ХХ век. Вистината за Хоџалинскиот геноцид треба сестрано да се доведе до вниманието на светската јавност, за да сличната трагедијата, на која `и нема рамна според нејзината жестокост, не би можела да се повтори ниту во еден дел од светот. Треба да се води сериозна и насочена работа за да можат сите луѓе, приврзаници на идеалите на хуманизам, да ја изразаат својата категорична и еднозначна позиција во однос на оваа трагедија».

 Откако во јуни 1993 година, после настојчиви барања на народот, кон раководството на државата се вратил Сéнационалниот лидер на азербејџанскиот народ, Гејдар Алиев, било овозможено давање на политичко-правната оценка на поголем дел на нашите национални трагедии, вклучувајќи го и Хоџалинскиот геноцид. По инициативата на Сéнационалниот лидер, Мили Меџлис на државата на 24 февруари усвои решение за одбележување на «Денот на Хоџалинскиот геноцид». Во овој документ детално биле разоткриени причините и именувани виновници на трагедијата.

Без сомнение може да се каже дека исклучителна улога во доведувањето до внимание на светската јавност на истините за Хоџали, за распространувањето на тие истини во светот, за мерките кои се превземаат со смисла на давање објективна оценка на геноцидот, му припаѓаат на Фондот на Гејдар Алиев под раководството на Мехрибах Алиева. Фондот на Гејдар Алиев повеќе години по ред организира во 70 земји низ светот наснани посветени на Хоџалинската трагедија. Фондот организира конференции, спомен вечери, издава книги, буклети, DVD дискови, снима филмови.

Од година во година се шири меѓународната кампања «Правдата за Хоџали» иницирана од страна на вице-претседателот на Фондот на Гејдар Алиев, председателот на Азербејџанската младинска организација на Русија, госпоѓата Лејла Алиева. Во рамките на кампањата низ целиот свет се организираат стотици акции. Скоро во сите земји-членки на Европската Унија, а исто така во ЗНД, Азија, Јужна и Северна Америка се организираат конференции, семинари, штрајкови. Благодарејќи `и на оваа кампања, трагедијата во Хоџали била признаена од страна на некои меѓународни форуми. По иницијативата на Фондот и Младинскиот форум ОИК, Хоџалинската трагедија била признаена од страна на пратениците на парламенти на 31 земја како злосторство против човештвото. Водечките светски универзитети во 20 земји низ светот организираат флеш-моби на младината. Покрај тоа започнала нова етапа на кампањата – делење на петиции и обраќања со барањата за признавање на оваа трагедија како геноцид и злосторство против човештвото, кои се адресираат до главите на државите и владите, до Минската група на ОБСЕ, PACE (Парламентско собрание на Советот на Европа), до Секретаријатот на ООН, до парламентите низ светот и до меѓународните организации.             

Меѓународната кампања за информирање и агитирање «Правдата за Хоџали» која има за цел запознавање на светската јавност со Хоџалинската трагедија и давање на политичко-правната и моралната оценка од страва на светската јавност, успешно се спроведува денес од страна на илјадници волонтери во голем број земји низ светот.

Азербејџанската држава води насочена и последователна дејност за запознавање на светската јавност со извршените злосторства против Азербејџанците од страна на ерменските национал-шовинисти, а исто така и за вистината за Хоџалинската трагедија и нејзиното признавање како геноцид.

Од својата страна светската јавност веќе многу добро осознава во што се состои вистината. Посебна Резолуција донесена за Хоџалинскиот геноцид од страна на Организација на Исламската Конференција е прв документ донесен од страна на меѓународните организации, со кој се признава оваа трагедија како «злосторство против човештвото». Во резолуцијата прифатена од 51 земја, Хоџалинскиот геноцид беше оценет како «масовен геноцид на мирното население, извршен од страна на ерменските вооружени сили» и «злосторство против човештвото».

За разлика од ерменските националисти, Азербејџан нема цел да добие од тоа прашање било какви политички, финансиски, територијални и други дивиденди. Наша цел е исправање на историската неправда, разоткривање на злосторниците и нивното судење од страна на светската јавност. И затоа, угрозата за светот од етничкиот сепаратизам на ерменските национал-шовинисти кои тие го спроведуваат во регионот, а исто така идеологијата на омразата и терор во однос на другите народи, треба да се откријат. Тоа е нашиот граѓански и човечки долг пред секавањето на оние кои херојски загинале во Хоџали.