ОБРАЌАЊЕ КОН ЧИТАТЕЛИТЕ

ПОЧИТУВАНИ ЧИТАТЕЛИ!
  НОВИ МАТЕРИЈАЛИ

На 10 мај 2023 година се навршија 19 години од започнувањето на работа на Меѓународната електронска библиотека "Наследство на Гејдар Алиев" која е посветена на наследството на општонационалниот лидер на азербејџанскиот народ, истакнат политички деец на современ Азербејџан, Гејдар Алиев.

Во библиотеката која функционира на 50 јазици  можете да се запознаете со стотици трудови: текстови од настапи, интервјуа, средби, изјави и писма на овој голем политичар.

Објавувањето на трудови на Гејдар Алиев на различни јазици е од корист за политиколози, економисти, новинари и за сите луѓе кои се интересираат за најмодерната историја и развој, за минатото и иднината на Азербејџан. Писмата на читателите исто така сведочат дека нашата библиотека за нив е од многу голем интерес. Без претерување можно е да се истакне дека за изминатиот период стотици илјади читатели од повеќе од 200 земји од светот се запознале со нашата библиотека. Среде постојани читатели на нашата библиотека се наоѓаат претставниците на истакнати научни и образовни центри во светот, на авторитетни државни организации, познати медиуми, библиотеки, големи транснационални компании и други.

Меѓународната електронска библиотека "Наследство на Гејдар Алиев" исто така се занимава и  со издавачка дејност. Со делот од нашите книги издадени на различни странски јазици  можете да се запознаете на нашиот сајт.

Меѓународната електронска библиотека "Наследство на Гејдар Алиев" секојдневно се обновува  и збогатува. Ве молиме да ни ги испраќате сите ваши коментари и предлози за нашата библиотека на следната адреса:

 office@aliyev-heritage.org

Меѓународната електронска библиотека "Наследство на Гејдар Алиев" ја изразува својата благодарност на читателите кои со своите предлози придонеле за усовршувањето на нашиот сајт.

 

Публикации
 Преглед

ФОТОГАЛЕРИЈА
 

Нови историски информации составени од страна на истражувачка група на Центарот за истражување на наследството на Гејдар Алиев:

1.Хоџалинската трагедија – злосторство против човештвото