БИОГРАФИЈА


Гејдар Алирзаоглу Алиев - Општонационален лидер на азербејџанскиот народ

Гејдар Алирзаоглу Алиев е роден на 10 мај 1923 година во азербејџанскиот град Нахчиван. По завршувањето во 1939 година на Нахчиванскиот педагошки техникум тој го продолжил своето школување на архитектонскиот факултет на Азербејџанскиот индустријален универзитет (денешна Азербејџанска Државна Нафтена Академија). Меѓутоа, започнувањето на војната не му дозволило да го заврши своето образование.

Од 1941 година Гејдар Алиев работел како шеф на одделот во Народниот комесаријат за внатрешни работи на Нахчиванската АССР и Советот на народните комeсари на Нахчиванската АССР, а во 1944 година бил испратен на работа во органите на државната безбедност. Гејдар Алиев кој од тој период работел во органите на системот за безбедност од 1964 година бил на позиција заменик претседател а од 1967 година - претседател на Комитетот за Државна Безbедност при Советот на Министрите на Азербејџанската ССР, тој добил чин на генерал-мајор. Во тие години тој се здобил со специјално високо образование во Ленинград (денешен Санкт-Петербург), а во 1957 година завршил историски факултет на Азербејџанскиот Државен Универзитет.

Откако бил избран на седницата на Централниот Комитет на Комунистичката Партија на Азербејџан во јули 1969 година за прв секретар на Централниот Комитет на Комунистичката Партија на Азербејџан, Гејдар Алиев станал раководител на републиката. Во 1982 година Гејдар Алиев бил избран за член на Политбиро на Централниот Комитет на Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз, бил поставен на должност прв заменик  претседател на Советот на Министрите на СССР и станал еден од раководителите на СССР. Во тек на дваесет години Гејдар Алиев бил депутат на Врховниот Совет на СССР и пет години вршел функција заменик претседател на Врховниот Совет на СССР.

Во октомври 1987 година Гејдар Алиев во знак на протест против политиката која ја спроведувало Политбирото на Централниот Комитет на Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз и лично генералниот секретар Михаил Горбачов дал отставка од должностите кои ги вршел.

Во врска со крвавата трагедија предизвикана од Советската војска на 20 јануари 1990 година во БAKU,  Гејдар Алиев настапил во претставништвото на Азербејџан во Москва со изјава и побарал да се казнат организаторите и извршителите на злосторствата сторени против азербејџанскиот народ. Во знак на протест против дволичната политика на раководството на СССР во врска со настаните во Горни Карабах  тој излегол од редовите на Комунистичката Партија на Советски Сојуз.

По враќањето во јули 1990 година во Азербејџан Алиев прво живеел во Баку а подоцна во Нахчиван, истата година тој бил избран за депутат на Врховниот Совет на Азербејџан. Во 1991-1993 год. тој бил на должност претседател на Врховниот Меџлис на Нахчиванската Автономна Република. Во 1992 година на основачкиот собир на партијата „Ени Азербејџан“ кој се одржал во Нахчиван, Гејдар Алиев бил избран за претседател на партијата.               

Кога во мај-јуни 1993 година како последица на крајното заострување на владината криза во земјата, се појави закана од граѓанска војна и загуба на независноста, азербејџанскиот народ настапил со барање на власта да се доведе Гејдар Алиев.

Тогашните раководители на Азербејџан биле приморани официјално да го поканат Гејдар Алиев во Баку. На 15 јуни 1993 година Гејдар Алиев бил изBран за претседател на Врховниот Совет на Азербејџан, а на 24 јули со одлуката на Мили Меџлис тој станал В. Д. Претседател на Азербејџанската Република. На 3 октомври 1993 година како резултат на сѐнародното гласање Гејдар Алиев бил избран за Претседател на Азербејџанската Република. На 11 октомври 1998 година на изборите кои биле спроведени во услови на висок одзив на народот, тој добил 76,1 процент на гласови и повторно бил избран за Претседател на Азербејџанската Република. Гејдар Алиев кој дал согласност на балатирање на својата кандидатура на претседателските избори на 15 октомври 2003 година, се откажал од учество во нив поради проблеми со здравјето. Гејдар Алиев бил награден со ред меѓународни признанија, званија на почесен доктор на универзитети од различни земји и други високи почесни титули. Тој четири пати бил награден со орденот на Ленин, орденот на Црвената Ѕвезда и со многубројни медали, два пати добил титула  Херој на Социјалистичкиот Труд, бил награден со ордени и медали на голем број странски држави.

Историската судбина на Азербејџан која опфаќа период од повеќе од триесет години неделливо е поврзана со името на Гејдар Алиев. Возрождение на народот во овој период во сите сфери на општествено-политичкиот, еконOмскиот и културниот живот поврзано е токму со неговото име.

Во текот на овој период на своето раководење Гејдар Алиев му помогнал на родниот крај - Азербејџан, кон чиј прогрес тој постојано се стремел и се гордеел со неговата богата култура и историското минато, и се грижел за неговите идни генерации, да ги надмине тешките и суровите испити на времето.

Како истакнат политички и државен деец, безусловен лидер на својот народ, тој уште во текот на својот живот станал жива легенда, затоа феноменот на Гејдар Алиев секогаш привлекувал внимание, неговата богата политичка дејност која предизвикува восхит, широко се разјаснуваше како во републичкиот  така и во светскиот печат.

Во јуни 1993 година кога азербејџанскиот народ се убедил дека националната државност се наоѓа пред закана од распад, кога дошле најтешките денови, тој убедително побарал промена на постоечката власт и од тоа време повторNо му ја доверил својата судбина на Гејдар Алиев. Гејдар Алиев го видел страдањето на својот народ и ја прифатил неговата покана да се врати во големата политика во Азербејџан. Народот го пречекал враќањето на Гејдар Алиев со надеж и радост и тој ден влегол во историјата на независноста на Азербејџан како Ден на националниот спас.