Настaп на Претседателот на Врховниот Совет на Азербејџанската Република Гајдар Алирза оглу Алиев на седницата на Мили Меџлис на Азербејџанската Република – 15 јуни 1993 година


Почитувани пратеници, почитуван Претседателе!

Сакам да им изразам благодарност на членовите на Мили Меџлисот, на Врховниот Совет на Азербејџан за покажаната голема доверба и сакам да ве уверам дека, користејќи ги сите можности, ќе се обидам да го носам овој тежок товар и со чест ќе ја извршам оваа задача. Сакам да истакнам дека со целосна одговорност ја сфаќам денешната тешка, комплицирана и напната положба на Азербејџанската Република. Започнувајќи ја работата јас ја сфаќам мојата одговорност и, раководејќи се со тоа, ќе направам сѐ што е во моја моќ. Јас немам намера овде да настапувам со голем говор. Ама неколку зборови задолжително морам да кажам. Како претседател на Врховниот Совет сметам дека една од моите основни задачи е заштита, зацврстување и развој на историското достигнување на азербејџанскиот народ, а тоа е независноста на Азербејџанската Република. Државната независност на Азербејџанската Република треба да биде обезбедена врз основа на традициите создадени во 1918 година од страна на првата Азербејџанска Демократска Република, врз современите барања, процеси кои се одвиваат во светот. Јас постојано ќе работам во таа насока и никој нека не се сомнева дека јас ќе го посветам преостанатиот дел од животот само на развој на Азербејџанската Република како независна држава. Во врска со тоа сакам да кажам дека што и да се случи после тоа, Азербејџанската Република никогаш нема да ја загуби својата независност, нема повторно да влезе во состав на која била држава, нема да биде под власт на друга држава. Кружаат некои гласини, мислења за возобновување на бившиот Советски Сојуз и за можноста на влегување на Азербејџанската Република во него. Сето тоа е утопија.  Јас ги отфрлам тие мисли и ги поканувам сите граѓани на Азербејџан исто така да ги отфрлат овие мисли.

Пред републиката стојат многу големи и комплицирани задачи. За обезбедување на независноста и суверенитетот треба да бидат вратени териториите на Азербејџанската Република окупирани од страната на Ерменија. Треба да биде обезбедена територијалната целост на Азербејџанската Република, запрена војната, воспоставен мир. Граѓаните на Азербејџанската Република треба да живеат во состојба на мир и благосостојба и да ја градат својата држава така како што самите тоа го сакаат. Затоа ова прашање е едно од најважните. Овие прашања и после треба да бидат во центарот на вниманието на Врховниот Совет. Јас потполно ве уверувам во тоа.

Вчера објавениот документ кој бил потпишан по иницијатива на Соединетите Американскии Држави, Русија и Турција е прв чекор кон нашиот постепен излез од воената состојбата. Изгледа, понатаму во оваа област треба да се превземаат уште поделотворни мерки за да биде Азербејџанската Република газда на својата територија и нашиот народ да излезе од воената состојба.  

На таков начин, државната независност на Азербејџанската Република е најважната задача. Во независниот Азербејџан треба да се развива демократијата. Треба на било кој начин да се поддржува политичкиот плурализам. Не смее да се допушти прекршување на Уставот на Азербејџанската Република, кршење на закони. Градење на државата и формирање на општеството треба да се базираат само врз демократските принципи. Во политиката и економиката треба да владеат принципи на слобода, независност, слобода на човекот, заштита на правата на човекот, принципи на слободната економика. Односно, нашата република треба да оди по патот кој го започна пред една година. Тоа е правилен пат, точен пат и нашата република треба сигурно да чекори по тој пат. Вие треба да бидете сигурни дека јас секогаш ќе му останам верен на овој пат.

Една од основните причини за денешната сложена положба на нашата република се настани кои се случиле на јуни во Ѓанџа. Тоа се ужасни настани, се пролеала крв, извршено е злосторство. Треба да се спроведе истрага и сите луѓе кои го прекршиле законот, кои учествувале во злосторството од било која страна треба да одговаратат пред законот. Со ова прашање се занимава собраниската анкетна комисија. Ние мораме колку што е можно побрзо да ја смириме сложената ситуација. Вчера се одржа средбата со председателот Абуљфаз Ељчибеј, а исто така и јас водев преговори во  Ѓанџа заедно со луѓето што ме следеа и еден на еден. Затоа јас мислам дека нашите напори можат да ја смират настанатата сложена ситуација, да ја запрат конфротнацијата. Ама јас кажував и ќе кажам уште еднаш: ни под какви услови јас не можам да бидам приврзаник на опцијата на користење на оружјето. Оваа конфронтација треба да биде смирена само на мирен начин, по пат на согласност, по пат за меѓусебно разбирање, по пат на преговори. Мислам дека мудроста на нашиот народ, заедничките заложби на авторитетните луѓе, на азербејџанската интелигенција, на азербејџанските аксакали и нашата дејност беспорно ќе го обезбедаат.

Градејќи демократска, независна република во Азербејџан, борејќи се за цивилизирано општество, ние треба да искоритиме светски и општочовечки вредности. Ние треба да се потрудиме Азербејџан по добивањето независност за првпат во многуте години и векови да му ги покаже на целиот свет своите историски успеси, национални традиции. Мислам дека азербејџанскиот народ од оваа гледна точка има многу голем како историски, така и современ потенцијал. Доколку сето тоа ефективно се користи и Азербејџан ќе стане независна и демократска држава и нашето општество ќе биде демократско општество изградено врз темелите на демократски, правни и општочовечки вредности. За тоа и нашата наука, и нашата култура, и нашите историски традиции и исламот кој е нашата религиозна основа, сите тие заедно создаваат една голема основа. Нашата задача се состои во ефикасното користење на сето тоа.

Напнатоста во Азербејџан е поврзана не само со карабахскиот проблем, односно со извршената агресија од страна на Ерменија спрема Азербејџан. Сега се случиле настаните во Ѓанџа. За жал, една од причините за појавувањето на напнатоста е одредено влошување на  меѓусебните односи на народите и етничките групи кои во тек на долгите години живееле во Азербејџан. Азербејџан десетици, стотици години бил и треба да остане Татковина за луѓето кои живееле и живеат овде. Сите граѓани кои живеат на територијата на Азербејџанската Република без разлика на националност, религија, политичка припадност треба да имаат еднакви права. Доколку ние ќе можеме да се раководиме со овие поими и да ги преточиме во реалност ние ќе можеме да обезбедиме потполно обединување на сите народи, сите нации кои живеат во Азербејџанската Република. Тоа е една од основните наши задачи. Мислам дека ние ќе успееме во тоа.

Во сферата на надворешна политика за изминатата година е направено многу. Ама има уште многу работи кои ќе треба да се направат. Мислам дека Азербејџанската Република како демократска држава треба да изгради рамноправни односи со сите држави. Независно од внатрешната структура, од тоа во кој правец е изградена внарешната политика на било која држава. Ние треба со неа да воспоставиме нормални односи. Во прв ред ние ќе треба да воспоставиме неопходни културни, економски, државни односи со нашите најблиски соседи. Од таа гледна точка населението, беспорно, ги поддржува односите со Турската Република. Односите со соседната Исламска Република Иран треба да се подобруваат, да се развиваат. Русија е велика држава, наш северен сосед. Беспорно, односите меѓу Русија и Азербејџан после тоа ќе треба да бидат подобри, пошироки, поплодотворни и ќе треба да се базираат брз принципите на независност. Со сите држави кои влегуваа во состав на бившиот Советски Сојуз а кои денес станале независни: Украина, Белорусија, Грузија, земјите на Средна Азија, Казахстан, Прибалтички држави, Молдавија, ние ќе треба да изградиме потесни взаемни односи. Тоа нам многу ни е потребно. Бидејќи нашите економски односи, културни односи, човечки односи со овие држави во тек на изминатите години и векови биле мнигу блиски. Не смеат да се прекинуваат овие врски, тие треба да се развиваат. Јас не се сомневам дека таква политика ќе ѝ помогме на Азербејџанската Република  да се формира и да се развива као независна држава.

Азербејџанската Република веќе излегла на светско ниво. Позитивниот однос на Соединетите Американски Држави спрема Азербејџанската Република  во последно време сите нас нѐ радува и мислам дека односите уште повеќе треба да се продлабочуваат и да се развиваат.  Ние треба да ги продлабочуваме нашите врски со сите европски земји, посебно со Великабританија, Франција, Германија. Со сите муслимански емји, арапски земји, турскојазчни земји нашите односи треба да се развиваат уште побрзо. Со еден збор, јас едноставно сакам да ја покажам мојата позиција во сферата на надворешна политика. Како претседател на Врховниот Совет јас ќе работам во тој правец, ќе се залагам за успехот на дејноста на нашиот претседател, на Врховниот Совет, на Владата.

Меѓутоа, сега е најважно да се отстранат последиците од настаните во Ѓанџа и предизвиканата од тие настани напнатост. Овде, на седницата на Мили Меџлисот, од оваа трибина, јас им се обраќам на сите граѓани на Азербејџан, кон нашите браќа, сестри, деца и изјавувам дека нашата република моментално се наоѓа во многу тешка положба. Уште еднаш ќе повторам дека најголемата тешкотија која се наоѓа пред нас се состои во враќањето на нашите окупирани територии и во обезбедувањето на територијалната целост и суверинитет на Азербејџан. Затоа, сите внатрешни конфликти, внатрешни спорови треба да се отфрлат настрана. Јас му се обраќам на целокупниот азербејџански народ, му се обраќам на населението на Ѓанџа, му се обраќам на пратеникот на Азербејџанската Република Сурет Гусејнов, им се обраќам на неговите другари по оружје и ги повикувам кон разумот, кон  човечките односи. На нашата република сега најмногу тоа ѝ недостасува и тие треба да знаат, целокупниот народ треба да знае дека денес ние треба да бидеме заедно. Во овој трагичен период за Азербејџан ние се наоѓаме пред голема опасност. Во овој период сите сили треба да се обединат, сите политички партии, сите политички структури, сите политички и општествени организации, сите луѓе – сите треба да се обединат. Сите треба да ги заборават навредите. Ние сите треба да се обединеме и да го изведеме Азербејџан од оваа тешка положба. Мислам дека населението на Ѓанџа, луѓето кои живеат во соседните реони на Ѓанџа, ќе го слушнат мојот глас и ќе го поддржат. Сурет Гусејнов ќе го слушне мојот глас, ќе постапи мудро и ние потполно ќе ја решиме оваа несреќа. Јас ве повикувам сите вас да работиме во овој правец, да се обединеме. Ве молам да ги тргнеме настрана  сите мали недоразбирања, мали озборувања, ќе дојде време и за нив. Кој со кого има проблеми, ќе ги реши подоцна. Сега не е време за тоа.

Во врска со тоа сакам да покренам уште едно прашање. Во некои кругови за мене се шираат гласини дека ако Гејдар Алиев повторно заземе во Азербејџан било која должност, тој ќе почне да се одмаздува. Лошо ќе се однесува спрема тие кои во свое време биле против него или лошо се однесувале спрема него. Пред вас и пред целокупниот азербејџански народ, со целосна одговорност, изјавувам дека во мојата природа воопшто не постои чувство за одмазда. Тоа едноставно вештачки го измислиле одредени луѓе и се гледа дека со тоа тие сакаат не само да ме оцрнат мене, туку да не разединат. Ви ветувам дека јас никогаш нема да се  затворам во чувството за одмазда. Ако некој некогаш погрешно се однесувал спрема мене, нешто направил, верувајте дека јас одамна им простив. Јас никогаш не се спуштав до ниво на таквите чувства и никогаш нема да го направам тоа. Не само затоа што вие сега ми ја дадовте вашата доверба и јас ја заземав оваа висока должност. Не. Јас како обичен граѓанин никогаш и со никој немав порано и сега немам намера да се конфронтирам, да се одмаздувам или да правам лошо. Меѓутоа, во рамките на должноста, беспорно, секој од нас треба да ја следи дисциплината, секој треба да го следи законот, сите треба да ги почитуваме законите, треба да обезбедиме владеење на законот и на овој пат јас, се разбира, нема да ги променам моите принципи.

Мислам дека заедно со Врховниот Совет, со Претседателот на Азербејџан Абуљфаз Ељчибеј, сите заедно ние ќе можеме да излеземе од оваа положба. Во врска со тоа јас сите вас ве повикувам кон единство.

Благодарам!