Обраќање кон азербејџанскиот народ – 1 октомври 2003 година


Драги сонародници, почитувани граѓани на Азербејџан!

Овие денови се полнат вкупно 34 години од времето на моето раководство со Азербејџанската Република и 10 години од раководството во својство на Претседател на независната Азејбејџанска држава. Во тек на сите тие години идејата на целиот мој живот како на Азербејцанец, на граѓанин на Азербејџанската Република, а исто така како на нејзиниот раководител, претседател, се состоеше само во служењето на вас, на азербејџанскиот народ, кој го сакам повеќе од животот, на нашата државност, на економскиот, политичкиот, духовниот развој на нашата земја. Сета моја сила и воља на овој пат јас ја црпев само од мудриот и благодарниот народ. Во најтешките моменти, во најкомплицираните ситуации јас се потпирав само врз мојот народ. Тоа ми даде издржливост, воља, ги обездедуваше сите мои успеси.

Азејбејџанскиот народ зазема свое достојно место во редот на најнапредните народи на светот. Денес веќе на сите им се познати неговиот богат духовен свет, достоен придонес во ризницата на светската култура, способност кон приклучување кон вредностите на светската цивилизација. Денес никого не го изненадува дека Азербејџанци, благодарејќи му на својот труд, талент, постепено во сите сфери се интегрираат во фамилијата на народите на светот.

Денеска нашата независна држава се развива, користејќи го најнапредното искуство и вредности те на земјите од стетот. Раководејќи се од принципите на демократското општество, на правната држава, на превласт на правата на човекот и граѓанинот, на политичкиот плурализам, Азејбејџан ја врши својата работа рамо до рамо со најнапредните и најмоќните држави во Европа и светот. Нашата држава завзема достојно место во меѓународната заедница. Денес основните стратешки и глобални прашања на светот, регионот и надворешниот свет кој нас опкружува не се решаваат без да се земе предвид нашето мислење, нашите интереси. Нас нé познаваат, нé прифаќаат, со нас се консултираат по главните прашања.

Економскиот живот на Азербејџан се реформира, се преродува и се развива со висок динамизам. Секоја година се зголемува обем на внатрешни и надворешни капиталовложувања во економика на земјата, се модернизира аграрниот сектор, прехранбената и лесната индустрија, во економиката се зголемува делот на нафтениот сектор, се зачувува стабилноста на манатот (парична единица во Азербејџан, прим. превед.), се зголемуваат девизните резерви, се отвораат сé повеќе и повеќе нови работни места со висока плата. Сето тоа е резултат на тековната нафтена стратегија која почна да се применува од 1994 година и стратегијата на економскиот развој. Убеден сум, доколку ќе продолжиме во истата насока, во периодот од наредните неколку години во Азербејџан нема да има ниту еден невработен и сиромашен човек. Со високо темпо ќе се зголемуваат платите, пензиите и вкупните приходи на луѓето. Азербејџанската држава, нашите деловни луѓе ќе можат да учествуваат во најперспективните и најисплатливите проекти, да инвестираат не само во државата, туку и во странство.

Нашата држава постепено ја зголемува својата одбранбена способност, воената сила. Нашата национална армија применува најнапредното искуство и технилогии, младината со желба оди во војска.

Сето ова не беше лесно. Во изминатиот период ние заедно ја спречивме крајно опасната реакција, провокации и други антиазербејџански акции како внатре во земјата, така и од надвор, ги надминавме големи тешкотии. Вие добро го знаете тоа.

Поради нерешителност на азербејџанското раководство не бил навремено спречен авантуристичкиот националистички сепаратизам, започнат од страна на Ерменците во Нагорен Карабах од 1988 година. Ерменската армија, користејќи ја политичката криза на власта, која се случуваше во нашата република во 1990-1993 год., отсутството на раководење и хаос, ги окупирала азејбејџанските територии, ги претворила повеќе од милион наши сонародници во бегалци и мигранти. Внатре во републиката граѓаните на земјата ги поттикнуваа на вооружени судири, на отпор, се приложуваше огромен напор за уничтожување, разурнување на нашата држава и државност. Ние го спречивме сето ова. Меѓутоа, ние сеуште не сме успеале да го решиме проблемот на територијалната целосност на Азербејџан која се нарушила во периодот на хаос и анархија, на враќањето на бегалците и мигрантите кон своите огништа. Убеден сум дека ние сигурно ќе го решиме и тоа прашање.

Без оглед на тоа, во изминатите години ние успеавме да решиме ред прашања кои имаат судбинско значење за нашиот народ и државата.

Како прво, ние постигнавме општествено-политичка стабилност, која е основа на нашата државност, ги поставивме темелите на граѓанското општество, кое се потпира врз националното единство и превласт на законите.

Како второ, ја преуредивме економиката на земјата и ја изведовме на пат на развој, што е цел на секоја држава и на нејзиното постоење.

Како трето, ние успеавме да изградиме силна, демократска држава која располага со сите соодветни институции, која е израз на желби и очекувања на азербејџанскиот народ, да ја обезбедиме неповратноста на нејзината независност.

Само со независна држава која располага со националното единство, општествено-политичката стабилност, со еконимиката во динамичен развој, држава која располага со силни државни институции кои се потпираат врз демократското и граѓанското општество, можно е да се решат сите прашања, вклучувајќи го проблемот на територијалната целосност. Убеден сум дека така и ќе биде.

Драги граѓани на Азербејџан, драг мој народ!

Точно 60 години од мојот содржаен живот сум живеал со сегашноста и иднината на мојот народ. Од нив 10 години поминаа во служењето на независна Азербејџанска држава. Вам ви е позната работата остварена во тој правец, но јас имам уште многу незавршени перспективни планови. Одредени здравствени проблеми кои се појавија во последното време не ми дозволуваат да ја завршам целата започната работа, резултатите на која за мене се очигледни. Без оглед на тоа, мојата кандидатура исто така е предложена и регистрирана за учеството во претстојните претседателски избори на 15 октомври 2003 година. Стотици илјади луѓе кои се вклучени во предизборната кампања агитираат во мојата корист. Користејќи ја приликата, сакам да сите тие луѓе, на сите членови на партијата «Ени Азејбејџан», кои ја предложија и ја поддржуваат мојата кандидатура, на претставниците од другите општествено-политилки организации, на научниците, просветните и културните работници, претставниците на интелигенција и на целокупниот азербејџански народ кој ми даде поддршка, да им ја изразам мојата длабока благодарност. Се надевам дека наскоро, откако ќе го поправам своето здравје, јас ќе се вратам во Татковината и повторно ќе бидам со мојот народ. А сега јас ја отповикувам мојата кандидатура во корист на Иљхам Алиев.

Обраќајќи ви се вам, на моите сонародници, ве повикувам да го поддржувате на претстојните избори кандидатот за председател, мој политички наследник, првиот заменик на претседателот на партијата «Ени Азејбејџан», Иљхам Алиев. Тој е високоинтелектуална, енергична и иницијанивна личност со прагматичен менталитет, кој прекрасно се разбира во современата светска политика и економика. Ве убедувам дека, како Иљхам Алиев, така и партијата «Ени Азејбејџан», и понатака тесно обединувајќи околу себе најдостојни синови и ќерки на нашиот народ, многу ќе постигнаат на патот на развој на Азербејџанската држава и благосостојбата на нашиот народ. Верувам дека со вашата помош и со вашата поддршка Иљхам Алиев ќе може да ги заврши судбоносните прашања, плановите кои јас не сум успеал да ги доведам до крај. Јас му верувам како на себе си и полагам големи надежи на неговата иднина. 

Со длабок почит,

Гејдар Алиев

Претседател на Азербејџанската Република