Почитувани другари, дами и господа!
Како што ви е познато јас долги години бев на чело на партиската организација на Азербејџан, бев избран за член на Политбирото на ЦК КПСС, работев како прв заменик на Претседателот на Советот на Министрите на СССР. Повеќе од две години веќе сум во пензија, прележав масивен инфаркт, поради болеста заминав во пензија. Од декември 1982 година заминав од Азербејџан. Денеска за прв пат го пречекорив прагот на Постојаното претставништво на Азербејџанската ССР во Москва. Овде ме доведе трагедијата која се случи во Азербејџан. За неа дознав вчера сабајле. И се разбира не можев да останам рамнодушен на тој настан. Пред сé, дојдов овде, бидејќи Постојаното претставништво е мал остров на азербејџанската земја во Москва, со цел да го изразам моето сочувство на цел азербејџански народ поради трагедијата која донесе многу жртви. А како второ, сакам да го изразам мојот однос по тое прашање. Го молам постојаниот претставник на Азербејџан во Москва, Зохраб Ибрагимов, да ги пренесе моите зборови, длабоката тага, искреното сочувство на азербејџанскиот народ. За жал во моментов не располагам со друга можност.
Што се однесува до настаните кои се случиле во Азербејџан, ги сметам за неправни, недемократски, потполно спротивни на принципите на хуманизмот и градењето правна држава во нашата земја. Постојат одредени причини за настанатата ситуација во Азербејџан. Не сакам да се задржувам на деталите, тоа би одземало многу време. Повеќе од две години се одвива меѓунационален конфликт помеѓу Азербејџан и Ерменија кој се појави поради настаните во Нагорно Карабах и околу него. Две години – тоа е доволно долг период за раководството на Азербејџан и Ерменија, највисоките партиско-политички раководства на земјата да го регулираат тоа прашање, да стават крај на меѓусебната војна, на меѓунационалните конфликти и да создадат услови за слободно живеење на секој човек без оглед на негова национална припадност во нашиот заеднички федеративен Сојуз на ССР.
Меѓутоа сметам дека во период на изминатите две години во тој правец не биле превземени доволно мерки. Доколку на почетокот на компликациите во Нагорно Карабах би биле превземени неопходни мерки, пред сé од страна на највисокото партиско раководство на земјата, денеска ние не би биле сведоци на ескалирање на затегнатоста и губитоци кои ги има и од едната и од другата страна во период на споменатите две години, би ја немало и таа воена акција која била превземена ноќе помеѓу 19-ти и 20-ти јануари 1990 година, која донела човечки жртви.
Се разбира, за тоа пред сé е винивен веќе бившиот прв секретар на Централниот Комитет на Комунистичката партија на Азербејџан, Везиров. За времето на својот престој на таа висока позиција тој ништо не направи за стабилизирање на ситуацијата во Азербејџан. Обратно, со своите погрешни потези, лош стил на работа, погрешно политичко маневрирање, тој застана во опозиција спрема народот, не стекна никаков авторитет, создде провалија помеѓу себе и народот. Народот негодувше. За време на митинзите кои се случувале во текот на неколку месеци во Баку и во другите градови и реони на Азербејџан, како главно се поставувале барања за оставка на партиското раководство на Азербејџан. Во главно се зборуваше за оставката на Визиров. Не е јасно зошто ова прашање до денешен ден не било решено и само вчера, после влегување на армијата во Баку и направен разгром, Визиров, всушност, избегал од Азербејџан. Тоа е голема грешка. Најголема грешка е тоа што овој непригоден за таа цел човек во свое време бил именуван за прв секретар на Централен Комитет на Комунистичка партија на Азербејџан. Ама работата не е само во тоа.
Сега би сакал да се задржам на трагедијата, која се случила ноќта помеѓу 19-ти и 20-ти јануари и трае до денешен ден. Сметам дека имало резерви за политичко регулирање на состојбата во Азербејџан. Раководството во Азербејџан, а исто така највисокото политичко раководство во земјата, не ги искористеле тие можности. Можело да се спречи атентат врз границата. Нели пред 3 месеци народот ги искажал своите барања во врска со пограничната линија. Ама никој не сакал да се сретне со него, да му разјасни, да превземе соодветни мерки.
Повторувам: не се исцрпени можностите за да се смират луѓето. Доколку пред 2-3 месеци се решеше прашањето на зацврстување на партиското раководство в Азербејџан, тогаш, возможно, не би се случела таа ситуација и би немало потреба во водедување на армијата. Ама со оглед на сите околности сметам, дека постоеле можности за политичкото регулирање на прашањето. За дијалог со народот. Меѓутоа, тие не биле искористени, и ноќта помеѓу 19-ти и 20-ти јануари во Баку навлегле големи контингенти на Советска армија, на силите на МВР на СССР. Веќе добро ни е познато кон какви трагични последици довело тоа. Го сметам однесувањето на луѓето кои ја донеле таа одлука за политички погрешно. Направена е груба политичка грешка. Тие едноставно не ја знаеле вистинската ситуација во републиката, не ја знаеле психологијата на азербејџанскиот народ. Немале доволно контакти со различните слоеви на луѓето. Не можеле да претпостават дека работата ќе доведе до таква трагедија.
Потребно било да се предвиди тоа и да се превземат неопходните мерки. Да се пресмета, што е поважно и попотребно. Освен тоа, стигнувале и известувања за голем број загинати од редовите на армијата. Се поставува прашањето, во што е вината на руското момче испратено со погрешна одлука на највисокото партиско раководство за задушување на така наречен метеж во Азербејџан?
Во Азербејџан од страна е воведен голем контингент на армија. Патем речено, добро ми е познато, колкав број војска се наоѓа во Азербејџан. Таму и онака е дислоцорана доволна количина на војска: 4-та армија, Касписката воена морска флота, дивизија на воздушно десантните сили, војска за противовоздушна одбрана, внатрешна војска на МВР. Зошто било потребно да се воведува дополнителна војска? Во случај на потреба би можела да се искористи армијата која веќе се наоѓала таму. Раководството на Азербејџан кое ја донела таа одлука, треба да носи одговорност за тоа, и пред сé Визиров, кој избегал од Азербејџан. Одговорноста треба да ја носат и тие кои го дезинформирале највисокото политичко раководство на земјата. Сметам дека највисокото политичко раководство на земјата немало навреме ниту доволна, ниту објективна информација. Раководството на земјата било доведено во заблуда, што резултирало со донесување на таква одлука.
Сите замешани во трагедијата треба да бидат казнети.